Октомвриското издание на магазинот за дебели жени се занимава со чувствителната тема за срамот што покрупните жени го чувствуваат поради своето тело.
Уредничката Мадлин Џонс рече дека целта на кампањата во овој број на магазинот е да се привлече вниманието на луѓето кои од некоја причина се срамат од своето тело.
„Срамот од телото е се поприсутен во нашите животи. Подебелите жени секојдневно се изложени на понижување и дискриминација поради тоа што се крупни, меѓутоа и слабите луѓе подеднакво се подргнати на потсмев“, рече таа.
За да се допре до што поглем број на луѓе, уредничкиот тим месечното издание го постави на интернет страница, а веќе го погледнале 600.000 луѓе.