Лицата, кои живеат во близина на море се чувствуваат поздрави во однос на остатокот од популацијата, покажуваат резултатите на едно истражување спроведено во Англија.
Научниците тоа го појаснуваат со помалата изложеност на стрес и поголемата физичка активност кај жителите на приморските краеви, пишува списанието „Хелт енд Плејс“.
Во истражувањето, спроведено на Универзитетот Екситер, користени се податоци на 48 милиони жители на Англија.
Истражувањето покажало дека најдобро здравје имаат испитаниците кои живеат на еден километар оддалеченост од брегот.
Најизразено позитивно влијание на близината на морсиот брег е забележан кај лицата со послаб социо-економски статус, нагласуваат истражувачите