Совршено предјадење или брзински ручек …
Потребно е:
10 палачинки (претходно испечени)
за филот:
500 гр фета сирење
4 јајца
200 гр кајмак
200-300 мл млеко
малку масло
Подготовка:
– Во чинија изгмечете го сирењето и додадете ги 3-те јајца, половина од кајмакот и 200 мл млеко.
– Палачинките филувајте ги со подготвениот фил од сирење, кајмак и јајца.
– Премачкајте ја со масло огноотпорната тава и наредете ги палачинките една до друга.
– Во остатокот од филот додадете го преостанатото јајце и уште 100 мл млеко. Изматете и со оваа смеса прелијте ги палачинките.
– Остатокот од кајмакот со рака распоредете го над палачинките.
– Ставете ги да се запечат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.