Овие вкусни тестенини навистина ќе ги подготвите многу брзо …
Потребно е:
500 мл млеко
2 чаши (од 250 мл) изрендан кашкавал гауда
2 лажици милерам
4 лажици крем сирење
2 лажици путер
2-3 лажици брашно
сол, бибер
Подготовка:
– Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Исцедете ги.
– Во сад на рингла растопете го путерот и на загреаниот путер пропржете го брашното.
– Додадете го полека млекото и варете со постојано мешање додека да се згусне смесата.
– Потоа додадете ги крем сирењето, ренданиот кашкавал и милерамот и убаво измешајте.
– На крај во смесата измешајте ги и сварените макарони.
– Смесата сипете ја во намастена тава и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути, односно додека да се запечат и да добијат убава светло кафена боја.