Потпечен авокадо сендвич

Од:

Вкусни сендвичи кои можат да бидат цел оброк …

Потребно е:
1/2 печено пилешко бело месо
1 авокадо
4 парчиња интегрален леб
2-3 чешниња лук
1-2 домати
1 лажица маслиново масло
околу 100 гр ситно изрендано моцарела сирење
оцет балзамико, по желба

Подготовка:
– Парчињата интегрален леб наредете ги на тава и ставете ги малку да се потпечат во загреана рерна на 200 целзиусови степени. По неколку минути превртете ги на другата страна.

– Извадете ги од рерна и секоја страна на парчињата леб истријте ја со лукцето. Потоа наредете ги во тава обложена со хартија за печење и прелијте ги со малку маслиново масло.

– На секое парче леб ставете по 2 помали еден поголемо тркалце исечен домат, над ставете по едно парче или две помали парчиња тенко сечено пилешко бело месо, потоа четвртина авокадо кое сте го исекле на тенки кришки. Посипете со ситно изрендано моцарела сирење и зачинете со сол и бибер по вкус.

– Тавата со лепчињата вратете ја назад во загреаната рерна и допечете ги само додека се растопи сирењето.

– По желба на крај може да ги прелиете со малку балзамико оцет.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска