Поставени нови тоалети и едукативни табли во Зоолошка градина во Скопје

Од:

Во Зоолошка градина во Скопје денеска беа поставени нови тоалети на две локации. Покрај стандардните тоалети, има и тоалет за хендикепирани лица и просторија за пресоблекување на бебиња.

Се поставуваат и нови едукативни табли пред секое живеалиште, на кои посетителите ќе можат да ги прочитаат најинтересните информации за секое животно.

Во Зоолошка градина Скопје се вршат и последните подготовки за отворање на живеалиштето за двете слоници што ќе се случи оваа сабота, со почеток од 11:30. На настанот „За европска Зоолошка“ ќе настапат децата од „Златно славејче“ и детската атракција Пет+ бенд.

– Апелираме до сите посетители да не ги вознемируваат и хранат животните, туку кон нив да се однесуваат со љубов, се вели во соопштението од Зоолошка градина Скопје.

Би можело да ве интересира

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ

Угина и трет коњ во ЗОО Скопје – ги труе ли некој коњите во Зоолошка?

А1он

Новиот директор на ЗОО тврди: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа

ЗОО Скопје добива 7Д Кино

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова туристичка атракција во Скопје – отворен е новиот Дино парк

Ана Ололовска

Инспектори ќе ги казнуваат несовесните посетители во Скопје ЗОО

Ана Ололовска