Потребно е:
5 компири
2 моркови
1 пакување свежи шампињони
3 чешниња лук
1 шака ориз
1/2 луто пиперче
сол, бибер
ворчестер сос
маслиново масло
Подготовка:
– Компирите измијте ги, излупете ги и исечете ги на тркалца. Истото направете го и со морковите. Шампињоните измијте ги и исецкајте ги на подебели листови.
– На дното на тавата во која ќе ја печете мусаката ставете еден ред компири.
– Над компирите наредете ред шампињони, а над нив ред моркови.
– Оризот посипете го меѓу состојките. Распоредете го и сецканото лукче и неколку парчиња од лутата пиперка. посипете со сол и бибер и прелијте со ворчестер сосот.
– Истата постапка повторете ја уште еднаш.
– Тавата покријте ја со алуминиумска фолија. Ставете да се пече во загреана рерна на 250 целзиусови степени околу 35 минути.
– Пред крај на печењето тргнете ја фолијата и оставете да се запече.