Португалска салата со тестенини

Од:

Друга варијанта за оваа салата е да ја направите со туна наместо со пилешко месо …

Потребно е:
250 гр шарени тестенини
1 парче пилешки гради
1 зелена месната пиперка
2 домати
зачин за печено пилешко месо

за преливот:
1/2 чаша кисела павлака
1/2 кесичка мајонез
оригано
босилек
сол, бибер

Подготовка:
– Пилешкото бело месо исечете го на коцки и посипете го убаво со зачинот за печено пилешко месо. Малку испржете го во тава на малку масло.

– Тестенините сварете ги во солена вода. Зеленчукот исецкајте го на мали коцки. Уште топлото месо и исцедените тестенини измешајте ги во еден сад. Додадете го и зеленчукот.

– Посебно убаво измешајте ги сите состојки за преливот и прелијте го над салатата. Повторно измешајте.

– Салатата ставете ја да отстои во фрижидер околу 1 час пред да ја послужите.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска