Порно ѕвездата продолжува да му се заканува на Трамп

Од:

Порно ѕвездата Сторми Даниелс тврди дека снимките од телефонски разговори, кои таа му ги предала на својот адвокат, ќе го „повредат“ поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Даниелс (44) е во центарот на истрагата на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, против Трамп (76), поради неговата наводна исплата од 130.000 долари на Даниелс за време на претседателската кампања во САД во 2016 година. Сумата наводно и била иплатена за да молчи за нивната секс афера од 2006 година.

Сторми почна јавно да се изјаснува за доказите откако сослушувањето на големата порота беше ненадејно откажано поради тоа што неидентификуван сведок не се појави во судот.

Минатата недела, Даниелс и нејзиниот адвокат, Кларк Брустер, за прв пат се сретнаа со окружниот обвинител на Менхетен на сред извештаите дека обвинението против Трамп е неизбежно.

„Сторми одговараше на прашања и се согласи да се стави на располагање како сведок и да биде достапна за понатамошна истрага доколку е потребно“, рече Брустер.

Да потсетиме дека Сторми за прв пат се сретна со Трамп во летото 2006 година на хуманитарен голф турнир во близина на езерото Тахо, во планините Сиера, на самата граница на Калифорнија и Невада. Таа тогаш имаше 27 години, а Трамп 60. Според неа, тој ја поканил на вечера во неговиот стан и ја пречекал во пижами, удобно легнат на каучот. Тие потоа се вклучија во, како што таа го опиша „најдосадниот секс во нејзиниот живот“. Трамп, од друга страна, негира дека некогаш бил интимен со Даниелс и ја обвинува за „изнуда“ и „ измама“.

Она што со сигурност е познато е дека Даниелс добила 130.000 долари за нејзиниот молк во пресрет на претседателските избори во 2016 година. Исплатата е дел од истрагата на Окружниот суд на Менхетен за можни прекршувања на законот за финансирање на кампањата.

Кога таа финансиска трансакција излезе на виделина во 2018 година, Даниелс побара од судот да го поништи нејзиниот договор со Трампо за необјавување детали и почна да се појавува на телевизиски емисии.

Би можело да ве интересира

Трамп му честиташе на Мерц за изборната победа: Граѓаните се уморни од агендата без здрав разум

А1он

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ