Познатиот американски порнографски веб-портал „Порнхаб“ го издава својот прв филм кој не е наменет само за возрасна публика, a ќе биде објавен утре.
Овој потег го става дигиталниот гигант, кој лани имаше 42 милијарди посети, во друштво на останатите слични медиуми кои сакаат да ја прошират публиката и содржините.
Филмот за кој станува збор е документарецот „Shakedown“ од режисерката и концептуална уметничка Лејла Вејнрауб.
„Shakedown“ e приказна за квир жени и мажи на сцената во лезбијски клуб во Лос Анџелес во раните години. Филмот содржи снимки кои Вајнхауб ги снимала 15 години наназад и нуди хумористичен, сензуален и информативен поглед на една енергична субкултура, пренесуваат странските медиуми.
Вајнхауб за медиумите изјавува дека со овој филм, „Порнхаб“ ќе има можност да привлече повеќе женска публика.