Пораст на пазарот за естетска хирургија оваа година

Од:

Светскиот пазар за естетска хирургија минатата година забележал раст за 10 отсто, а со слично темпо ќе продолжи да расте и оваа година, прогнозира IMCAS форумот на естетските хирурзи и дерматолози со седиште во Париз.

Во светот за хируршки интервенции, како што се липосукција или зголемување на гради, како и за неинвазивни третмани (ласер, инјекции против брчки и слично) лани биле платени 4,4 милијарди евра, а за оваа година се предвидува пораст на 4,9 милијарди евра.

Најголем раст на естетски интервенции од 14 отсто за 2013 година се предвидува во Азија, каде се многу популарни операциите на очните капаци и носот, со цел да се постигне „европски“ изглед.

Вредноста на пазарот на естетска хирургија во Европа поради економската криза оваа година ќе се зголеми за „само“ 6,6 проценти. На стариот континет најмногу интерес има за интервенции за подмладување кај лица постари од 50 години.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија

Ана Ололовска

Третманите со пијавици се уште популарни во Русија

Ана Ололовска