Поради посетата на Трамп на Париз Ајфеловата кула затворена до сабота

Од:

Туристите и жителите на Париз од денеска, па до сабота не ќе можат да се качиваат на Ајфеловата кула.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, ваквата забрана, што стапува во сила од денеска во 14:30 часот, е воведена поради посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на францускиот главен град.

Според најаваа, американската претседателска двојка вечерва ќе има вечера со француската претседателска двојка во ресторанот „Ле Жил Верн“ на вториот кат на Ајфеловата кула.

Кулата ќе биде затворена и утре поради свеченостите по повод 14 јули – Денот на Бастиља, бидејќи традиционалниот огномет по повод празникот ќе биде истрелан од оваа париска знаменитост.

Ајфеловата кула ќе биде повторно отворена за јавноста дури во саботата во 9 часот.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска