Локалните власти на Фарските острови организираа проект во кој нудат бесплатно сместување, храна и свечена вечера со мештаните, а вие треба само да платите авионска карта.
Проектот е направен со цел да се поттикне развојот на туристичките локации, а за да се постигне тоа потребни им се волонтери кои во замена за тоа ќе добијат бесплатно сместување.
Волонтерите треба да почнат со работа околу 16 април 2020 година. Властите бараат неколку стотини волонтери кои ќе помогнат во развојот на туризмот.