Поминете го летото во вилата на Леонардо Дикаприо

Од:

Доколку фантазирате да го поминете годишниот одмор во вилата на Леонардо Дикаприо, Брус Вилис или некои други ѕвезди, сега тоа е можно, но под услов да имате доволно длабок џеб.

Имено некои славни личности одлучија ова лето своите раскошни вили да им ги изнајмат на туристите, веројатно со цел да ги подобрат своите финансии.

Дикаприо, кого неодамна имавме прилика да го видиме во римејкот „Големиот Гетсби“ и кој наскоро ќе се појави во филмот „Волкот од Вол стрит“, ја изнајмува вилата, која се наоѓа на познатата калифорниска плажа Малибу, за сума од 76 илјади до 150 ијади долари дневно, во зависност од должината на престојот.

Со бројни паркови, приватен пристап до морето, спа центар, тениски терени, спортски сали и кино, оваа куќа изгледа како вистински рај на земјата.

Вилата на Брус Вилис, во која ѕвездата на серијалот „Умри машки“ се ожени, дневно се изнајмува за околу 20 илјади долари.

Доколку сакате да се осамите, далеку од летните метежи, на располагање ви стои приватниот остров на Ричард Бренсон.

Островот Некер, кој се простира на 74 хектари и се наоѓа во рамки на Девствените Острови може да се изнајми за 63 илјади долари за ноќ, а во цената е вклучен полн пансион и тим од 60 лица, кои на гостите им стојат на располагање.

Меѓу останатите познати личности, кои одлучиле да ги отстапат своите „скромни“ домови за туристите се и актерот Орландо Блум, манекенката Миранда Кер, режисерот Стивен Спилберг, како и поранешниот Џемс Бонд, Пирс Броснан.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска