Лесни за подготовка, а многу вкусни …
Потребно е:
3 јајца
200 мл јогурт
100 мл масло
200 мл газирана минерална вода
1/2 лажиче сол (или по вкус)
500 гр готови кори за пита
1 главица кромид
500 гр мелено месо
сол, бибер
мелен сув зачин
маслиново масло
сусам, за посипување
Подготовка:
– За премачкување на корите прво изматете ги јајцата и додадете ги преостанатите состојки. Измешајте да добиете хомогена смеса.
– За филот, на малку масло пропржете го ситно сецканиот кромид. Додадете го меленото месои пржете го заедно со кромидот. Зачинете по вкус. (Може да користите и други полнења: сирење, спанаќ, печурки …)
– Ставете една кора на работна површина и премачкајте ја со смесата со јајца. Краеците споите ги во триаголник. На подолгата страна на триаголникотставете од филот. Кората замотајте ја како ролат, а потоа завиткајте ја како полжав.
– Направените полжави од тесто наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Одозгора премачкајте ги со смесата од јајца и посипете со сусам.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 190 целзиусови степени додека да добијат убава златно-румена боја.