Полжав погача

Од:

Вкусна, мека и крцкава полжав погача …

Потребно е:
1 кг брашно
1 лажиче прашок за пециво
1,5 кесичка сув квасец
200 мл млеко
200 мл јогурт
200 мл млака вода
100 мл масло
2 лажичиња сол

за премачкување на тестото:
200 гр путер
100 гр крем сирење
100 гр фета сирење
1 жолчка

за посипување:
лен, сусам, сончоглед, по желба

Подготовка:
– Брашното помешајте го со прашокот за пециво и сувиот квасец и додадете ги солта и шеќерот.

– Помешајте ги водата, јогуртот и маслото, а потоа додадете го и млакото млеко Постепено додадето го брашното и замесете меко тесто. Тестото покријте го со чиста крпа и оставете го да стои 30-тина минути.

– Омекнатиот путер помешајте го со фета сирењето и крем сирењето.

– Тестото ставете го на набрашнета маса и со сукало развлечете го во форма на правоаголник со димензии 60х40 см и дебелина околу 5 мм. Краевите исешете ги со нож да бидат рамни.

– Тестото премачкајте го со смесата со путер, крем и фета сирење. Потоа исечете го на ленти со широчина од 7 см (ќе добиете 7 ленти).

– Тавата обложете ја со хартија за печење. Една лента завиткајте ја како ролат и ставете ја на средината на тавата. потоа завиткајте ја втората лента и замотајте ја околу првата лента во тавата. Истата постапка повторете ја со сите ленти. на крај ќе добиете погача во облик на полжав.

– Погачата премачкајте ја со разматена жолчка и посипете ја со семки, по желба.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 45 минути. Првите 20 минути погачата покријте ја со хартија за печење, а потоа тргнете ја хартијата и допечете ја погачата уште околу 25 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска