„Полничките“ полицајци во Туркменистан ќе мора да слабеат

Од:

Полицајците со вишок килограми ширум Туркменистан добиле наредба да ослабат, оти во спротивно – ќе мора да ја напушат службата.

Тоа е напомнато и како задолжение на новите тестови за обнова на квалификациите во оваа средноазиска држава. Министерството за внатрешни работи им нареди на службениците да ослабнат до 25 декември ако сакаат да ја задржат работата, тврдат неколкумина од нив за тамошните медиуми, претпочитајќи да останат анонимни.

Некои изјавија и дека им е речено да ги охрабруваат роднините кои живеат во странство, да се вратат во Туркменистан до крајот на 2019 година.

Наводно, полицајците не смеат да имаат повеќе од 100 килограми, зашто новопоставениот министер за внатрешни работи – Мамедан Чакиев „не сака дебели полицајци”, како што тврди еден од нив.

Полицајците кои нема да успеат да го исполнат условот за помала телесна маса, ќе мораат да поднесат оставка – без оглед на чинот, годините минати во служба и слични квалификации.

Би можело да ве интересира

Во Туркменистан се гради нов град: Чини 4,5 милијарди евра, ќе го носи името на лидерот

Пораст на физичкото насилство врз жените во Туркменистан

А1он

Синот на актуелниот претседател победи на претседателските избори во Туркменистан

Синот на претседателот на Туркменистан влегува во претседателската трка

Ана Ололовска

Задолжителна вакцинација за полнолетните граѓани во Туркменистан

Ана Ололовска

Во Туркменистан нема коронавирус – и натаму тврди претседателот, Гурбангули Бердимухамедов

Жарко Настоски