Вкусен ручек за само половина час.
Состојки:
4 тиквици
1 лажица маслиново масло
1 главица кромид
1 чешниња лук
400 гр мисиркино месо (мелено)
1 лажичка оригано
сол, црн пипер
2 домати исецкани на коцки
Подготовка:
Загрејте на рерната на 200 степени. Во тавата за печење ставете хартија за печење.
Тиквиците исечете ги на половина а потоа со лажица издлабете ги. Загрејте го маслиново масло и пропржете го кромидот додека не добие златно-жолта боја. Додадете го лукот и месото и пржете 6 до 7 минути. Потоа додадете ги зачините (по вкус), доматите и мешајте додека се крчка уште 2 до 3 минути. Со подготвената смеса наполнете ги тиквиците и печете во рерна 10 до 15 минути.