Малку поинакви полнети тиквички …
Потребно е:
2 поголеми млади тиквички
6 лажици маслиново масло
1 пакување шампињони, покрупни
200 гр кашкавал
1 лажица сецкан свеж власец
неколку листои свежо нане
за филот:
внатрешноста од издлабените тиквички
2 страка млад кромид
1 лажиче лук во прав
1 лажиче куркума во прав
1/2 лажиче ѓумбир во прав
2 лажици мелен сув зачин
100 мл кечап
1 лажица сецкан свеж копар
сол, по вкус
за преливот:
свеж босилек, по вкус
1 лажиче лук во прав
100 мл кечап
4 полни лажици кисела павлака
сол, по вкус
Подготовка:
– Излупете ги тиквичките и исечете ги на тркалца со дебелинаод околу 3 см. Издлабете ги, но внимателно да не го издлабите и дното. Посолете ги. Сочувајте ја внатрешноста од тиквичките.
– Пропржете ги тиквичките на маслиново масло во тава на рингла од двете страни. Извадете ги од тавата.
– На истата маснотија пропржете ги и шампињоните и извадете ги од тавата.
– Сега направете го филот за полнење на тиквичките. Исецкајте ја ситно внатрешноста од тиквичките и пропржете ја во истата тава каде ги пржевте тиквичките и шампињоните. Додадете го сецканиот кромид и зачините и продолжете со пржењето. Ќе биде потребно да додадете уште малку маслиново масло.
– Испржените тиквички наредете ги во намастен огноотпорен сад. Наполнете ги со филот до пола. На секоја тиквичка ставете по една печурка свртена со горниот дел нагоре.
– Посебно измешајте кечап и кисела павлака, додадете малку свеж босилек и 1 лажиче лук во прав. Со оваа смеса прелијте ја секоја печурка.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени додека тиквичките добијат убава румена боја.
– Извадете ја тавата од рерна и на секоја тиквичка ставете по малку изренден кашкавал. Кратко вратете ја тавата во рерна додека да се истопи кашкавалот.