Одлична идеја кога подготвувате забава за своите пријатели…
Подготовка:
24 зелени маслинки, без семка
150 гр меко сирење (кравјо или козјо)
1 шолја лебни трошки
пола шолја рендан пармезан
1 шолја брашно
1 јајце
(сос):
1 шолја мајонез
1 чешне лук, многу ситно исечкан
2 лажици сенф
1 лажица црвен пипер
4 рендани кисели краставички
1 лажиче табаско сос
Подготовка:
– За сосот, измешајте ги сите состојки. Готовиот сос ставете го во фрижидер додека да ги подготвите маслинките.
– Сирењето згмечете го со вилушка додека да биде меко, како крем сирење (не употребувајте крем сирење за овој рецепт). Зачинете го со сол, бибер, оригано и зачини по ваш вкус.
– Маслинките наполнете ги со готварски шприц.
– Измешајте ги пармезанот и лебните трошки.
– Секоја маслинка извалкајте ја прво во брашно, па во изматено јајце и на крај во лебни трошки.
– Наполнете едно тенџере со поголема количина масло. Оставете да се загрее маслото. Не загревајте на силен оган, туку на средна температура. Пржете ги маслинките на неколку наврати, не го преполнувајте тенџерето, затоа што ќе падне температурата на маслото. Пржете додека да добијат убава златна боја.
– Вадете ги од маслото со дрвени стапчиња или вилушка и ставете ги на чинија обложена со кујнска хартија. Оставете малку да се оладат и секоја масликна забодете ја во чепкалка за заби.
– Сервирајте ги на голема чинија заедно со претходно подготвениот сос.