Полнет леб со шунка и кашкавал

Од:

За вистинските гурмани…

Потребно е:
1 тркалезна векна леб
50 мл маслиново масло
1 лажиче оригано
1 лажиче црвен пипер
1 лажиче ситно сечкан лук
120 гр шунка
200 гр моцарела
300 гр печени пиперки во тегла

Подготовка:
– Исечете го лебот вертикално, притоа внимавајќи да не го засечете до долу.

– Измешајте ги маслото, ориганото, црвениот пипер и лукот. Со оваа смеса намачкајте ја внатрешноста на лебот.

– Секој засек наполнете го со парче моцарела, шунка и пиперка. Пиперките треба да бидат добро исцедени за да не биде лебот мокар.

– Лебот ставете го во тавче и во загреана рерна да се пече на 180 целзиусови степени околу 20 минути.

Забелешка: Филот може да биде разновиден: домати, маслинки, песто сос, артичоки, печени модри патлиџани, сирење, кашкавал, салами.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска