Потребно е:
8 зелени стебленца целер
кашкавал (ајдамер, гауда или некој сличен)
8 тенко исечени парчиња панцета
власец
1 чешне лук
сок од половина лимон
сол, бибер
Подготовка:
– Стеблата целер исечете ги по должина, така да добиете два дела од едно стебленце.
– Направете смеса од изрендан кашкавал, панцета која претходно сте ја исецкале на мали коцки, 3-4 лажичиња лимон, истолченото лукче, власец, сол и бибер. Убаво измешајте за да се соединат сите состојки.
– Со горната смеса наполнете го средишниот вдлабнат дел на стебленцата целер и послужете ги.