Полнет бранцин во лиснато тесто

Од:

Интересен начин на подготова на риба …

Потребно е:
за филот:
150 гр леб
кора од 1 лимон
1 лажица грубо мелени бадеми
1 чешне лук
1/2 чаша суво бело вино
сол

за сосот од магдонос:
1 полна рака магдонос
1 чешне лук
сок од 1 лимон
75 мл маслиново масло

и уште:
околу 400 гр лиснато тесто
1 јајце за премачкување на тестото

Подготовка:
– Бранцинот исчистете го и измијте го убаво. Пресечете го по должина и извадете ја централната коска, а потоа и сите останати коски. Главата треба да остане цела, а исто и опашката. Наш совет: Најдобро е тоа да го направи вашиот рибар, наместо вие да го правите тоа.

Полнет бранцин во лиснато тесто1

– Во еден сад лебот потопете го во малку вода и оставете го малку да стои. Потоа со рака исцедете го и ставете го во еден сад заедно со бадемите, изренданата кора од лимон, изгмеченото лукче, солта и белото вино. Убаво измешајте и изгмечете со вилушка.

Полнет бранцин во лиснато тесто2

– Рибата наполнете ја со оваа смеса и затворете ја со кујнски конец.

Полнет бранцин во лиснато тесто3

– Рибата ставете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 10-12 минути. Рибата ќе биде печена до пола и така полесно ќе ја извадите кожата. Прво исечете го конецот до главата и опашката и потоа внимателно извадете ја кожата прво од едната па од другата страна.

Полнет бранцин во лиснато тесто4

– Сега рибата треба да ја ставите во лиснатото тесто и тоа најдобро е тестото да го ставите одозгора и потоа со раце внимателно да го превиткате од долната страна и да го споите. Тестото обликувајте го во форма на риба, со глава, опашка, очи. По желба може да вадите мали делчиња од тестот и тие да ги ставите како крлушки на тестото.

– Обликуваното тесто премачкајте го со изматено јајце и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени најмногу 15 минути.

– Додека се пече тестото подгответе го зелениот сос. Магдоносот исчистете го, измијте го и ситно исецкајте го. Лукот излупете го и изгмечете го. Во блендер измелете ги магдоносот, лукот и малку сол. Постепено дадавајте го сокот од лимон и маслото и блендирајте додека да добиете хомогена смеса.

– Кога ќе го сечете бранцинот во тесто користете остар нож. Сервирајте во чинија прелен со зелениот сос.

Полнет бранцин во лиснато тесто5

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска