Покрај Земјата ќе помине астероидот Апофис

Од:

Следната недела покрај Земјата на безбедна оддалеченост ќе помине астероидот Апофис, за кој се претпоставува дека во 2036 година може да удри во нашата планета.

Освен овој астероид во 2013 година, покрај нашата планета ќе помине уште еден астероид значително помал, како и две комети.

Вечерва пак, на американското небо ќе биде видлив дожд од метеори, кога 30 до 200 метеори до брзина од 140.000 км/ч ќе поминат покрај Земјата.

Во четврток, на 10 јануари астероидот Апофис, наречен според египетскиот бог на темнината, ќе помине покрај нашата планета, на релативно голема оддалеченост (15 милиони километри), а астрономите имаат намера до тогаш да ја проучат неговата патека, за да проверат дали во некои од следните поминувања може да ја загрози Земјата, пишува Deutsche Welle.

Овој астероид е широк 300 метри и повторно ќе помине покрај Земјата за 16 години (13 април 2029), кога ќе биде оддалечен само 30.000 километри, што е поблиску од нејзините комуникациски сателити.

Во февруари комитетот на ОН ќе даде препораки во врска со одбрана од заканите од вселената.

Кон почетокот на годината, на 10 март покрај нас ќе помине кометата Pan-STARRS, која би требало да биде видлива со голо око од северната хемисфера, а стручњаците предвидуваат дека зад себе на небото ќе остави импресивна опашка.

Другата комета ISON ќе пропатува на 28 ноември на околу два милиони километри од Сонцето, а се очекува околу нашата ѕвезда, додека се топи мразот, да остави бел траг видлив со голо око, преку ден.

Во оваа година ќе се случи едно прстенесто и едно тотално помрачување на Сонцето.

Прстенесто помрачување е кога Месечината ќе се најде точно меѓу Сонцето и Земјата, но нема да го скрие потполно Сонцето, туку ќе остане во неговиот центар. Ова ќе се случи во мај, но нема да се гледа од Европа.

Месечината потполно ќе го скрие Сонцето на 3 ноември, а ќе може да се види од југот на Европа.

Европската вселенска агенција планира во април ќе лансира три сателити, кои го прават `Рој`, кои би требало да извршат до сега незамисливи истражувања на земјиното магнетно поле. Тие чекаат лансирање веќе една година, поради проблеми со руските ракети кои треба да го постават „Рој“ во орбитата

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата