„Појадок кај Тифани“ инспирира на патување

Од:

Книгите читателите со развиена фантазија можат да ги одведат во далечни земји само со моќта на зборот. Сепак некои романи, своите фанови ги наведуваат на патувања и во вистинскиот живот. На врвот на листата се најде романот на Труман Капоти, „Појадок кај Тифани“.

Најновата анкета на компанијата „Д Воркс’“ откри колку често луѓето ги посетуваат местата, кои се појавуваат во нивните омилени романи.

„Појадок кај Тифани“ на Капоти се најде на врвот на листата, инспирирајќи бројни читатели на патување во Њујорк. Романот, објавен во 1958 година, зборува за девојка од Менхетен, Холи Голајтли, која во позната екранизација од 1961 година ја одигра Одри Хепберн. Дури 37 отсто од жените, учесници во анкетата, наведуваат дека авторот ги уверил да го посетат Њујорк.

Втора книга, која најмногу поттикнувала на патување, а се најде на врвот на листата машки испитаници е „Господарот на прстените“ на Џ.Р.Р. Толкин. Околу 15 отсто од испитаниците отпатувале за Нов Зеланд, каде е снимена екранизацијата на романот.

На трето место се најде романот „Плажа“ на Алекс Гарланд, чије дејствие се одвива на Тајланд. Потоа следува серијалот за малиот волшебник Хари Потер на авторката Џ.К. Роулинг, чија екранизација е делумно снимана во британскиот замок Алнвик.

На листата се и „Ѕвонарот на Богодоричната црква во Париз“ на Виктор Иго, чије дејствие е сместено во Париз и „Мандолината на капетанот Корелиј“ на Луис де Бернарес, која претставува детален портрет на грчкиот остров Кефалонија.

– Убаво е да се види дека луѓето и натаму читаат и дека тоа ги носи во други светови и метафорично и буквално, изјави Кевин Кини, извршен директор на компанијата „Д Воркс“.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска