Книгите читателите со развиена фантазија можат да ги одведат во далечни земји само со моќта на зборот. Сепак некои романи, своите фанови ги наведуваат на патувања и во вистинскиот живот. На врвот на листата се најде романот на Труман Капоти, „Појадок кај Тифани“.
Најновата анкета на компанијата „Д Воркс’“ откри колку често луѓето ги посетуваат местата, кои се појавуваат во нивните омилени романи.
„Појадок кај Тифани“ на Капоти се најде на врвот на листата, инспирирајќи бројни читатели на патување во Њујорк. Романот, објавен во 1958 година, зборува за девојка од Менхетен, Холи Голајтли, која во позната екранизација од 1961 година ја одигра Одри Хепберн. Дури 37 отсто од жените, учесници во анкетата, наведуваат дека авторот ги уверил да го посетат Њујорк.
Втора книга, која најмногу поттикнувала на патување, а се најде на врвот на листата машки испитаници е „Господарот на прстените“ на Џ.Р.Р. Толкин. Околу 15 отсто од испитаниците отпатувале за Нов Зеланд, каде е снимена екранизацијата на романот.
На трето место се најде романот „Плажа“ на Алекс Гарланд, чије дејствие се одвива на Тајланд. Потоа следува серијалот за малиот волшебник Хари Потер на авторката Џ.К. Роулинг, чија екранизација е делумно снимана во британскиот замок Алнвик.
На листата се и „Ѕвонарот на Богодоричната црква во Париз“ на Виктор Иго, чије дејствие е сместено во Париз и „Мандолината на капетанот Корелиј“ на Луис де Бернарес, која претставува детален портрет на грчкиот остров Кефалонија.
– Убаво е да се види дека луѓето и натаму читаат и дека тоа ги носи во други светови и метафорично и буквално, изјави Кевин Кини, извршен директор на компанијата „Д Воркс“.