Поховани шницли со рен

Од:

За денешниот ручек подгответе ги овие меки, сочни шницли …

Потребно е:
800 гр свинско месо
150 гр кисела павлака
50 гр рендан рен (може и готов купен)
100 гр брашно
2 јајца
100 гр лебни трошки
масло
мешавина од зачини
сол, бибер

Подготовка:
– Месото исечете го на 10-тина шницли и исчукајте ги со дрвен чук. Зачинете ги по вкус.

– Во една чинија измешајте ги ренот и киселата павлака. Во друга чинија измешајте ги лебните трошки и брашното, а во трета изматете ги јајцата.

– Секоја шницла увалкајте ја прво од двете страни во смесата со рен, потоа во смесата со брашно и на крај во изматените јајца.

– Ставете ги да се пржат од двете страни во тава на рингла на загреано масло.

– Послужете ги со прилог по желба.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска