Едно истражување спроведено во САД укажува на речиси двојно поголем ризик за срцев удар кај лица болни од ХИВ.
Со оглед на зголемување на очекуваниот животен век на лица кои се ХИВ позитивни, се работи за појава која има се поголемо значење, објавија научниците од Универзитетот „Нортвестерн“ од Чикаго.
Зголемување на ризикот за срцев удар било присутно и кај пациенти кај кои поради ефектот на антиретровирусните лекови, присуството на ХИВ во крвта било исклучитлено ниско.
Истражувачите веруваат дека причина за тоа се хроничните воспалителни процеси со присуството на ХИВ во организмот.
Во студијата е утврдено и дека процесот за создавање на штетните наслаги на клетките на крвните садови е многу забрзан кај лица со ХИВ, пишува стручното списание „JAMA Кардиолоџи“.
Новите наоди се темелат на податоци од околу 11.000 ХИВ позитивни испитаници.