Потребно е:
250 гр постаро, посолено кравјо сирење
250 гр путер или маргарин
250 гр брашно
за премачкување:
1 жолчка
1 лажичка млеко
Подготовка:
– Во еден сад изгмечете го сирењето со вилушка, посолете ако не е солено и измешајте го со путерот за да добиете еднолична маса.
– Постепено додадете го брашното и замесете тесто. Тестото ќе биде густо и лепливо. Покријте го со пластична фолија и оставете го да стои неколку часа во ладилник.
– Потоа тестото ставете го на набрашнета работна површина и развлечете го во форма на круг со дебелина околу 1 см.
– Со некоја помала чаша (може со чаша за ракија) вадете погачици и ставајте ги на тава обложена со хартија за печење. Чашата пред секое вадење ставете ја во брашно. Остатокот од тестото премесете го и повторно вадете погачици. Оваа постапка повторувајте ја додека не го потрошите целото тесто.
– Разматете 1 жолчка со 1 лажичка млеко и со ова премачкајте ги погачиците.
– Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180-220 целзиусови степени околу 20 минути или додека не добијат убава златна боја.