Погачици со компири

Од:

Едноставни погачици кои веднаш ги печете …

Потребно е за околу 25 погачици:
230 гр меко брашно
1 прашок за пециво
1 лажиче сол
1 лажиче бибер
100 гр путер
230 гр пире од компири
2 јајца

Подготовка:
– Прво направете го пирето од компири со малку млеко и путер. Оставете да се излади.

– Во еден подлабок сад ставете ги брашното, прашокот за пециво, сол, бибер, пирето од компири и 1 јајце. На ситно ренде изрендајте го и путерот.

– Со раце замесете тесто и месете го додека да се поврзат сите состојки.

– Тестото ставете го на набрашнета работна површина и развлечете го со сукало со дебелина околу 2 см. Со модла или чаша вадете погачици од тестото.

– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Премачкајте ги со изматено јајце со малку сол. По желба може да ги посипете со разни семки.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути или додека да добијат убава златно-кафена боја.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска