Погача со фил од риба

Од:

или морска погача …

Потребно е:
за тестото:
800 гр остро брашно
600 мл млака вода
1 лажиче сол
2 лажици маслиново масло
2 кесички сув квасец

за филот:
2-3 главици црвен кромид
300 гр домати пелати
3-4 конзерви солена риба (инчуни,…)
сол, бибер
оригано
магдонос
капари

Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги сите состојки за тестотои замесете го. Оставете го да нарасне.

– За тоа време ситно исецкајте го кромидот и пропржете го на малку маслиново масло додека да омекне.

– Доматите пелати исецкајте ги изгмечете ги. Додадете ги кај пропржениот кромид.

– Зачинете со сол, бибер, оригано и сецкан свеж магдонос и оставете да се динста 10-тина минути. Тргнете ги на страна и оставете да се изладат.

– Во изладената смеса додадете ги сецканите риби од конзерва.

– Стасаното тесто поделете го на два дела, дниот треба да биде малку поголем од другиот.

– Тавата убаво премачкајте ја со маслиново масло. Поголемиот дел со сукало раширете го во форма на круг и ставете го на дното на тавата. Оставете малку повеќе тесто по краевите за да на крај може да ги споите двете теста.

– На тестото распоредете го изладениот фил.

– Сега развлечете го помалото тесто и ставете го на филот. Краевите на долното и горното тесто споите ги со раце.

– Погачата премачкајте ја со маслиново масло и сипете по малку масло на секој крај од погачата. Може да ја посипете со бибер, по желба.

– Оставете ја погачата да стои 10-тина минути, а потоа ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути.

– Печената погача покријте ја со крпа и оставете ја да стои 10-15 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска