Тортите на русинката Олга Носкова изгледаат нестварно најмногу поради глазурата која ја нанесува на нив. Глазурата во која додава различни хранливи бои на овие прекрасни торти им дава изглед како мермер.
Успеавме да дојдеме до оригиналниот рецепт за подготовка на оваа необична глазура …
Потребно е:
20 гр желатин во прав
120 мл вода
300 гр гликоза
300 гр шеќер
150 гр путер
200 гр засладено кондензирано млеко
300 гр чоколадо
бои за храна
Подготовка:
– Потопете го желатинот во ладна вода.
– Во сад на рингла ставете ги гликозата, шеќерот и водата и оставете да провријат.
– Садот тргнете го од рингла и додаде го желатинот. Убаво измешајте.
– Потоа додадете го кондензираното млеко и повторно измешајте.
– Оваа смеса прелијте ја над чоколадото и путерот и мешајте додека да се изгубат сите меурчиња воздух.
– Глазурата користете ја на температура од 35 степени.
– Во глазурата може да додадете боја за храна по желба.