Подароци и детска престава за најмалите посетители на Зоолошката градина-Скопје

Од:

По повод почетокот на новата училишна година викендов во Зоолошка градина-Скопје ќе има повеќе активности за најмалите посетители.

В сабота од 12 до 14 секое дете ќе добие по еден подарок од најпознатиот бренд на лижавчиња, а нив ќе ги дели маскотата кенгур. „Orange kids club“ подготвува „Back to school” забава каде ќе ги анимира најмладите посетители со бесплатен курс по танц, караоке, кловн и принцези, ваучери со попусти и уште многу интересни содржини.

В недела во 12 часот ќе се одигра детската претстава „Принцот жаба“ во изведба на театарот „Крик“. Влезот за театарската претстава е бесплатен и ќе може да ја погледнат сите посетители во Зоолошката.

Ова лето Зоолошка градина-Скопје бележи рекорди во посетеност. Неделно има и по 11.000 посетители, што е двојно повеќе во однос на минатото лето. Со тоа Зоолошката градина во Скопје е најпосетената установа во Македонија.

Би можело да ве интересира

Во зоолошката во Загреб угина нилски крокодил, бил таму повеќе од 50 години

А1он

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ

Угина и трет коњ во ЗОО Скопје – ги труе ли некој коњите во Зоолошка?

А1он

Новиот директор на ЗОО тврди: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа

ЗОО Скопје добива 7Д Кино

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова туристичка атракција во Скопје – отворен е новиот Дино парк

Ана Ололовска