Почна прославата на Св. Фермин во Памплона

Од:

Со задоцнување од 20-тина минути, денеска во главниот град на шпанската автономна област Навара, Памплона, започна чествувањето на Свети Фермин, чија кулминација е традиционалната трка со бикови низ градските улици.

Покрај трката со бикови, закажана за утре претпладне, во рамките на прославата се организираат концерти, улични дефилеа и борби со бикови. За овогодишното чествување се очекува Памплона да ја посетат околу еден милион гости.

Официјалниот страт на прославата доцнеше поради тоа што засега непознати лица истакнаа огромно баскиско знаме пред седиштето на градската управа во Памплона, кое ги засени знамињата на ЕУ, Шпанија и Навара. Полицијата за брзо време го отстрани знамето, по што чествувањато на Св. Фермин започна по 20-минутно задоцнување.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска