Со задоцнување од 20-тина минути, денеска во главниот град на шпанската автономна област Навара, Памплона, започна чествувањето на Свети Фермин, чија кулминација е традиционалната трка со бикови низ градските улици.
Покрај трката со бикови, закажана за утре претпладне, во рамките на прославата се организираат концерти, улични дефилеа и борби со бикови. За овогодишното чествување се очекува Памплона да ја посетат околу еден милион гости.
Официјалниот страт на прославата доцнеше поради тоа што засега непознати лица истакнаа огромно баскиско знаме пред седиштето на градската управа во Памплона, кое ги засени знамињата на ЕУ, Шпанија и Навара. Полицијата за брзо време го отстрани знамето, по што чествувањато на Св. Фермин започна по 20-минутно задоцнување.