Починатиот гејмер станува светец

Од:

Папата Франциско донесе одлука да го прогласи за светец младиот човек Карл Акутис, кој во текот на животот остана запаметен и како љубител на видео игрите.

Папата Франциско донесе одлука за канонизација на 15 блажени, меѓу кои е и покојниот 15-годишен Карло Акутис, таканаречениот „божји влијателник“. Акутис придонесе за Католичката црква со користење на технологија за ширење на свеста за верата и со документирање на чуда низ целиот свет. Тој почина во 2006 година од леукемија.

Акутис веќе стана првиот „милениумец“ меѓу блажените, а во 2025 година ќе стане и првиот гејмер меѓу светците на Католичката црква.

Според неговата мајка, Антонија Салзано, во текот на животот младиот човек сакал да игра видео игри како што се Halo, Pokemon и Super Mario.

Мајката исто така наведува дека Карло купил PlayStation конзола на 8-годишна возраст, но се ограничил на играње игри по еден час секоја недела за да не стане зависен од игри.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 150 католички свештеници сексуално злоставувале повеќе од 600 деца

Во Католичката црква во Италија повеќе од 600 случаи на злоупотреба на малолетници

Откриено уште едно долгогодишно злоставување деца во католички интернат

Поранешниот папа Бенедикт се извини на жртвите на сексуална злоупотреба во Католичката црква

Катерина Ѓуровски

Папата Бенедикт Шеснаесетти призна дека лажел во истрагата за педофилија во католичката црква

Обвинителството во Минхен истражува 42 случаи по извештајот за злоупотреби на деца во Католичката црква