Почина оскаровецот Ернест Боргнин

Од:

Ернест Боргнин, познат американски актер и оскаровец, почина вчера на 95-годишна возраст.

Неговиот претставник за јавност, Хери Флин, изјави дека актерот починал во болницата „Седар-Синаи Медикал центер“, а со него било неговото семејство.

На американската публика најпознат и е по улогата на тв серијата „МекХејлс нејви“ (McHale’s Navy) и „Ервулф“ (Airwolf), додека домашната публика го знае и по улогата во серијата „ЕР“ (за улогата на Пол Менинг номиниран е за наградата Еми), „The Dirty Dozen“, „Escape From New York“, „Gattaca“, а во прв ред по улогата во филмот „Marty“ за кој во 1955 година доби и Оскар за најдобар актер.

Негов последен поголем филмски проект беше „Ред“ во кој се појави заедно со Брус Вилис, Морган Фриман, Џон Малкович и Хелен Мирен.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата