Почина модната креаторка Мадам Карвен

Од:

Мари-Луиз Карвен, „најмалата меѓу најголемите модни креатори“, како што ја нарекоа по Втората светска војна, почина на 105-годишна возраст во Париз.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, работеше и на свој начин беше ривал со Кристијан Диор, Пјер Балман и подоцна со Ибер де Живанши и Ив Сен Лорен.

– Бев мала жена меѓу големи луѓе, тие ме посвоија бидејќи создадов лесен стил, предвесник на прет-а-порте. Не им пречев воопшто бидејќи работев за младите жени од моето време, објаснуваше со скромност Мадам Карвен во 2010 година.

Мадам Карвен, чие вистинското име Кармен де Томасо, е родена на 31 август 1909 година во Шателеро. По Втората светска војна таа се наметна во дизајнерскиот свет со привлечната и лесна мода, промовирана со здолништетот „без приказна“ или костумот „без грижа“.

Поради рестрикциите за текстилот и посотењето на купони за купување во времето на почетокот од нјзината кариера, таа користи штофови по потекло од Алзас со зелени и бели риги или розева боја, што го прават нејзиниот стил лесно препознатлив. Таа појава на свежина и безгрижност ќе придонесат за имиџот на„Мадмазел де Пари“.

Мадам Карвен, која секогаш работеше за „разубавување на жените, се пензионира во 1993 година на возраст од 84 години.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски