Почина Херберт Лом, познатиот инспектор Дрејфус од филмот „Пинк Пантер“

Од:

На 95-годишна возраст почина британскиот актер од чешко потекло, Херберт Лом, јави дописникот на МИА пренесувајќи ја веста од чешките медиуми.

Лом е најпознат по улогата на инспектор Дрејфус, кој полудуваше од идеите на инспектор Клузо во филмот „Пинк Пантер“.

Меѓу неговите филсмски остварувања се паметат улогите во филмовите ,,Дракула” во 1970 година како и  ,,Богатството на сребреното езеро”.

Актерот беше роден во 1917 година во богато семејство кое потекнува од Прага, кој пред Втората светска војна пребегал во Англија. Во 2006 година беше гостин на доделувањето на националната филмска награда „Чешки лав“.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата