„Панонскиот морнар“ отплови на своето последно патување – почина Ѓорѓе Балашевиќ

Од:

Познатиот српски и југословенски кантавтор, поет, музичар и актер Ѓорѓе Балашевиќ починал денеска на 67-годишна возраст во болница во Белград како последица од компликации поврзани со коронавирусот, објавија српските медиуми.

Балашевиќ пред три дена беше примен на Инфективната клиника во Белград, откако му се влошила здравствената состојба, а лекарите му дијагностицираа тешка пневмонија која ги зафатила двете белодробни крила. Познатиот музичар се лекувал дома десетина дена, а во болница се јавил дури откога симптомите драстично му се влошиле.

„Панонскиот морнар“ и неговите меланхолични стихови, без кои во изминатите четири децении тешко можеше да помине која било младешка љубов на просторите на поранешна Југославија, беа омилени ширум старата држава, а тој беше еден од првите српски музичари кои по крвавите војните во 90-те, беа добредојдени и продолжија да настапуваат во Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.

Балашевиќ беше омилен и кај македонската публика, а многу од неговите бројни концерти во Скопје и во другите наши градови, со децении се прераскажуваат меѓу фановите.

Според медиумите, лекарите се обиделе да ги искористат сите достапни методи на лечење, но состојбата на Балашевиќ не се подобрувала, поради проблемите предизвикани од хронични состојби од кои боледувал музичарот. Тој почина на три месеци пред својот 68 роденден.

Би можело да ве интересира

Ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ го пријави сопругот за семејно насилство

Три песни од Балашевиќ ќе влезат во српските учебници

Ана Ололовска

Во Подгорица отворен парк посветен на Балашевиќ

Во Тузла инспекција ја тргна плочката со името на Балашевиќ од мост, граѓаните ја вратија

Жарко Настоски

„Има да се усвои“: жителите на Тузла самите именуваа мост по Ѓорѓе Балашевиќ

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Погребан Балашевиќ: Панонскиот морнар испратен со омилената песна

Ана Ололовска