По 40 години се менува системот за објавување на резултатите од гласањето на „Евровизија“

Од:

Организаторите на натпреварот за „Песна на Евровизија“ или популарно Евросонг, соопштија дека се менува начинот на соопштување на резултатите од гласањето, а се со цел да се воведе поголема неизвесност во финалето на натпреварувањето, јавува РТС.

Промената, претставена како најголема промена од воведувањето на системот со 12 поени пред 40 години ќе почне да се применува веќе на овогодишната „Евровизија“, односно, во финалето кое ќе биде одржано на 14 мај во Стокхолм, соопшти Европска унија емитери (ЕБУ).

До сега се соопштуваше збирниот резултат на гласовите од жирито и публиката на секоја земја.

Според новите правила, гласовите на жирито и публиката ќе се објавуваат одвоено и прво телевизиите од 43 земји учеснички ќе ги објават гласовите на жирито од секоја земја, а на крај ќе бидат соопштени гласовите од публиката.

Организаторите велат дека на овој начи ќе се направи драматичен крај и дека победникот нема да биде познат до самиот крај на натпреварувањето.

Во минатите години се случуваше победникот да се знае и 20 минути пред крајот на гласањето.

– Оваа промена на формата ќе внесе ново ниво на возбудување во финишот на натпреварот за „Евровизија“, изјави Мартин Естердал, извршен продуцент на овогодишната претстава, јави Би-Би-Си.

Музичката манифестација Евровизија годинава ќе се одржува на 10., 12. и 14. мај во арената Глоб во Стокхолм, а македонската преставничка Калиопи ќе ја видиме во втората полуфинална вечер.

„Дона“ е насловот на песната со која Калиопи ќе ја претстави Македонија, која е авторско дело на Калиопи и Ромео Грил, а на евровизиската сцена ќе биде изведена на македонски јазик.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија