Ешли Греам, која е моментално во поодмината бременост, стана дизајнер на венчаници.
Поучена од своето искуство во тешкиот начин на наоѓање венчаница за жени со поизразени облини, Ешли реши да креира фустани во кои дамите со повеќе килограми, би се чувствувале пријатно и убаво.
„Имав голем проблем да најдам фустан во кој ќе се чувствувам посебно и ќе одговара на моите пропорции“, призна Ешли.
Фустаните кои и се допаднале не можела да ги пронајде во нејзината величина. И покрај многуте преправки на крајот не била задоволна како и стоела венчаницата, но немала друг избор.
Ешли ги здружи силите со реномираниот бренд Pronovias за да создаде нова „плус-сајз“ колекција на венчаници. Новата колекција вклучува венчаници од најмали до најголеми модели.
На овој начин, Ешли сака жените со повеќе килограми да се чувствуваат исклучително за време на свадбата, а истовремено ја промовира различноста и убавината на женското тело.