Потребно е:
150 гр путер
800 гр брашно
50 гр шеќер во прав
200 мл млеко
25 гр свеж квасец
1 лажиче шеќер
1/2 лажиче сол
4 јајца
сок и кора од 1 лимон
1 лажица екстракт од ванила
за филот:
150 гр џем од кајсии
80 гр сув ананас
80 гр сува папаја
80 гр сув портокал
1 јајце, за премачкување
прав шеќер, за посипување
Подготовка:
– Во млако млеко издробете го квасецот, додадете го шеќерот и оставете да стаса.
– Во еден сад ставете ги брашното, шеќерот во прав, солта, јајцата, сокот и ренданата кора од лимон, екстрактот од ванила, растопениот путер и на крај стасаниот квасец. Замесете тесто кое треба да биде малку лепливо.
– Тестото покријте го со крпа и ставете го да стои на топло околу 1 час за да нарасне.
– Масата посипете ја со брашно и на него ставете го стасаното тесто. Нежно премесете го и поделете го на три дела. Покријте ги и оставете ги да стојат 20-тина минути.
– Потоа секој дел истенчете го во форма на елипса со димензии 40х20 см.
– Количината на џем поделете ја на три дела. Развлеченото тесто премачкајте го со едниот дел од џемот, а по средината нанесете го сувиот ананас сецкан на мали коцки. Замотајте го како ролат и тргнете го на страна.
– Истото направете го и со другите два дела тесто. Сега трите ролати исплетете ги како плетенка.
– Плетенката внимателно префрлете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 1 час.
– Оставете да се излади, исечете ја на парчиња и пред да ја послужите посипете ја со шеќер во прав.