Многу интересен и декоративен колач …
Потребно е:
400 гр брашно
1 кесичка пудинг од ванила
100 гр путер, на собна температура
50 мл млако млеко
2 јајца
20 гр квасец
2 лажици шеќер
малку сол
300 гр чоколадо
Подготовка:
– Сите состојки ставете ги во еден сад и замесете меко тесто. Покријте го садот со кујнска крпа и оставете го тестото да нарасне околу 30 минути.
– Кога ќе нарасне ставете го на набрашнета работна површина и развлечете го со сукало во форма на правоаголник со широчина колку 3 чоколади од по 100 гр и некаде 3 см подолго од чоколадите (видете ја сликата). Ако е потребно исечете ги краевите на тестото.
– На средината наредете ги чоколадите и исечете го тестото на коси ленти како на сликата. Лентите нека бидат широки колку една коцка од чоколадите.
– Преплетете ги лентите преку чоколадите, наизменично од левата па од десната страна (видете ја сликата).
– На крај тестото премачкајте го со слатка павлака или со растопен путер. Внимателно ставете ја плетенката во тава обложена со хартија за печење.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени 15-20 минути, додека тестото да добие убава златно-кафена боја.