Плескавици во сос од кромид

Од:

Фин ароматичен ручек …

Потребно е:
600 гр мелено месо
1/2 лажиче сол со арома на лук
1/2 лажиче бибер
2 главици кромид, сецкан на тенкли ленти
2 лажици ситно сецкан лук
2 лажици брашно
1 лажица Ворчестер сос
2,5 чаши (од 250 мл) говетска супа

Подготовка:
– Во еден сад ставете го меленото месо и додадете ја солта и биберот. Измешајте убаво.

– Месото поделете го на 6 еднакви делови и од нив обликувајте плескавици.

– Во голема тава на рингла загрејте малку масло и ставете ги плескавиците да се пржат по 6 минути од секоја страна.

– На истата маснотија во тавата додадете го кромидот и динстајте го околу 6 минути. Потоа додадете го лукот и динстајте уште 1 минута, па крај додадете го брашното и пржете уште 2 минути.

– На крај додадете ги супата и Ворчестер сосот, измешајте и оставете да се крчка 15-тина минути.

– Пред крај на готвењето во сосот ставете ги плескавиците, оставете да се загреат и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска