Плескавици од риба (посно)

Од:

Вкусни посни плескавици од риба …

Потребно е:
300 гр туна, од конзерва
500 гр ослич
200 гр сардина, од конзерва
100 гр лебни трошки
100 гр сварен ориз
10 чешниња лук
1 лажиче мелено морско оревче
2 главици кромид
сол, бибер

Подготовка:
– Осличот сварете го, исцедете го и оставете го да се излади.

– Изладениот ослич заедно со туната и сдардините ставете ги во блендер и ситно иситнете ги.

– Кромидот и лукот ситно исецкајте ги и пропржете ги на малку маслиново масло и додадете ги во садот кај иситнетите риби.

– Добиената смеса помешајте ја со претходно сварениот ориз и лебните трошки и зачинете со морско оревче, сол и бибер. Убаво измешајте за да се соединат сите состојки.

– Со раце земајте од смесата и формирајте плескавици. Пржете ги во врело масло.

– Како прилог со овие вкусни плескавици може да послужите варени компири или некој друг зеленчук.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска