Плескавици од карфиол

Од:

Вкусни лесни плескавици, за вегетаријанци или шпак за оние кои водат сметка за својата линија …

Потребно е:
2 главици карфиол
3 чешниња лук, ситно сецкан
1 чаша (од 200 мл) брашно
2 јајца
150 гр кашкавал
1 лажица сецкан свеж магдонос
1/3 чаша топла вода
на врв на лажичето сол и бибер
маслиново масло за пржење

Подготовка:
– Карфиолот обарете го 5-6 минути во солена вода додека не омекне. Исцедете го и измијте го со ладна вода. Потоа ситно исецкајте го.

– Во еден сад измешајте ги карфиолот, брашното, лукот, изматените јајца, изренданиот кашкавал, магдоносот, сол и бибер.

– Додадете ја водата и измешајте убаво за да се соединат сите состојки и да добиете хомогена смеса. Смесата треба да биде доволно густа за да може со раце да обликувате плескавици.

– Плескавиците пржете ги на врело мало по неколку минути од секоја страна.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска