Плазма торта со вишни и банани

Од:

Кремаста и вкусна торта …

Потребно е:
300 гр мелени плазма бисквити
150 гр маргарин
околу 300 мл млеко
70 гр шеќер во прав
3 лажици шеќер
2-3 реда чоколадо за готвење
100 гр ореви
50 гр суво грозје
50 гр шарени желе бонбони
200 гр вишни без семки
2 лажици гриз
2 банани
200 мл слатка павлака

Подготовка:
– Изматете го омекнатиот маргарин со шеќерот во прав, додадете го растопеното чоколадо, мелените плазма бисквити, мелените ореви, млекото и на крај сувото грозје и сецканите желе бонбони. Целата смеса замесете ја со раце и обликувајте кора на округла чинија за торта.

– Во еден сад на рингла ставете ги вишните со шеќерот и додадете околу 100 мл вода. Оставете да проврие.

– Исцедете ги вишните и во таа течност додадете го гризот и варете 3-4 минути. Сега во тоа вратете ги вишните и убаво измешајте. Овој фил рамномерно распоредете го на кората од бисквити.

– Изматете ја слатката павлака и со пола од шлагот премачкајте го филот од вишни.

– Одозгора наредете ги бананите исецкани на тркалца. Над бананите нанесете го остатокот од изматената слатка павлака и убаво израмнете.

– Тортата ставете ја во фрижидер и оставете ја неколку часа убаво да се излади.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска