Многу ќе ви се допаднат …
Потребно е:
125 гр мелени Плазма бисквити
45 гр путер од кикирики
40 гр кокосово масло
40 гр мед
1 банана
150 гр чоколадо
1 лажиче кокосово масло
Подготовка:
– Во сад на рингла ставете ги путерот од кикирики, кокосовото масло и медот и загрејте ги со постојано мешање додека да се растопат и да добиете хомогена смеса. Оставете малку да се излади.
– Во меѓувреме сомелете ги бисквитите (или можете да ги купите мелени), додадете ја изгмечената банана и мешавината од путер од кикирики, кокосово масло и мед и убаво измешајте.
– Смесата ставете ја 15-тина минути во фрижидер.
– Потоа од смесата формирајте мали топчиња и редете ги на чинија на која сте ставиле хартија за печење. Ќе ви излезат околу 18 топчиња.
– Повторно ставете ги топчињата во фрижидер.
– За тоа време на пареа растопете го чоколадото со 1 лажиче кокосово масло. Оставете да се излади.
– Извадете ги топчињата од фрижидер и секое со вилушка спуштете го во растопеното чоколадо. Подигнете го да се исцеди вишокот чоколадо и повторно вратете го на хартијата за печење.
– Повторно вратете ги во фрижидер да се стегне чоколадото.