Питички со млад кромид и сирење

Од:

Потребно е:
150-200 гр млади тиквички
150 гр кравјо сирење
200 гр тенки кори за пита
100 гр млад кромид
3 јајца
маслиново масло
сол, мелен црн бибер

Подготовка:
– На загреано масло пропржете го ситно сецканиот млад кромид и изренданата тиквичка, на крупно ренде. Пржете ги околу 5 минути додека не омекне тиквичката и не испари течноста што ќе ја пушти тиквичката. Тргнете ги на страна и додадете сол и бибер, по вкус. Оставете да се излади.

– Во калап за мафини наредете хартиени корпички за печење мафини.

– Во еден сад искршете ги јајцата и изматете ги со миксер.

– Корите замотајте ги како ролат, а потоа исечете ги на тенки ленти. Со раце истресете ги и одвоите ги за да не бидат залепени меѓу себе.

– Ставете ги исечените кори во разматените јајца. Потоа додадете го и изладениот зеленчук и издробеното сирење. Убаво измешајте и со оваа смеса полнете ги хартиените корпички за мафини.

– Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути.

– Печените питички оставете ги да се изладат и послужете ги.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска